logo
logo
logo

Кавани се премисли, сака нов договор со Манчестер Ј.

Vecer | 30.04.2021

Кавани се премисли, сака нов договор со Манчестер Ј.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и на уругвајската репрезентација, Единсон Кавани е близу до продолжување на договорот со „црвените ѓаволи“. Според ЕСПН, повикувајќи се на извор близок до играчот, 34-годишниот Уругваец, и покрај интересот од Бока јуниорс, е подготвен да остане во Манчестер Јунајтед.

Уште пред два месеци, Кавани скоро постигна договор со аргентинскиот гигант, но неговите успешни настапи на последните натпревари ја сменија ситуацијата. Кавани и неговите агенти се подготвени да преговараат со Манчестер Јунајтед пред крајот на сезоната. Забележано е дека Уругваецот сè уште е вознемирен поради суспензијата на ФА од три натпревари поради контроверзниот пост на Инстаграм, во кој играчот го употреби зборот „негрито“.

Единсон сака да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и поради Светското првенство во Катар во 2022 година. Фудбалерот верува дека токму во Европа најдобро ќе може да се подготви за светскиот шампионат. Кавани потпиша за Манчестер Јунајтед во октомври 2020 година како слободен агент од ПСЖ. Договорот беше на 1+1 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk