logo
logo
logo

Каталонците ја направија најголемата грешка за фудблерот кој ја наполни нивната мрежа

Vecer | 19.02.2021

Каталонците ја направија најголемата грешка за фудблерот кој ја наполни нивната мрежа

Килијан Мбапе во вторник постигна хет-трик на гостувањето кај Барселона во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите. Каталонците по овој дуел има за што да жалат, нивната мрежа ја наполни фудбалерот за кого пред неколку години не беа заинтересирани.

„Неговата желба беше да игра во Барселона, но тогаш од овој клуб кажаа дека е никој и ништо, дека не направил нешто посебно за да биде член на големиот клуб и дека би било непотребно да потпишат некој за 100 милиони евра“, рече менаџерот на францускиот фудбалер, Мингуела во едно интервју во 2017 година.

Тој додаде дека договорот бил вреден 130 милиони евра, а Мбапе требало да заработува по 10-16 милиони евра по сезона, сепак Барса повеќе верувала во Дембеле. Од оваа гледана точка, потегот на Каталонците е сосема погрешен.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk