logo
logo
logo

Карло Анчелоти го состави списокот на „отпишаните“!

Vecer | 27.05.2023

Карло Анчелоти го состави списокот на „отпишаните“!

Оваа сезона секако е разочарувачка за Реал Мадрид. Иако го освои Копа дел Реј, ги испушти трите трофеи кои ги освои минатата сезона.

Реал Мадрид не успеа да ги одбрани шпанскиот Суперкуп и Ла Лига. Барселона сезонава ги освои тие натпреварувања, додека Манчестер Сити или Интер ќе им ја „украдат“ Лигата на шампионите, ќе видиме на 10 јуни во Истанбул.

Тренерот Карло Анчелоти веќе размислува за следната сезона и соопшти дека следната сезона нема да смета на четворица играчи.

Најголемата ѕвезда на списокот секако е Еден Азар, кој откако дојде од Челзи се претвори во друг човек и никогаш не ја достигна вистинската форма.

Покрај Белгиецот, на листата се најдоа и Алваро Одриозола, Хесус Ваљехо, Маријано Дијаз.

Што се однесува на Еден Азар, за него Реал Мадрид веќе има план и би можел да се врати во Лондон, но не и во Челзи.

Желбата на предводникот на Реал е Хари Кејн, па Азар би можел да му биде понуден на Тотенхем за пари во замена за напаѓачот.

Тоа очигледно значи дека тимот од „Сантијаго Бернабеу“ дефинитивно не планира да го смени тренерот, односно дека Анчелоти и во следната сезона ќе биде на чело на стручниот штаб на овој клуб.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk