logo
logo
logo

Кари ги однесе „воините“ до 36-та сезонска победа, нов пораз за Лејкерс (ВИДЕО)

Vecer | 28.01.2022

Кари ги однесе „воините“ до 36-та сезонска победа, нов пораз за Лејкерс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт синоќа на домашен терен го совладаа тимот на Минесота со 124:115 и со тоа ја забележаа четвртата последователна, а 36-та победа во НБА лигата оваа сезона. „Воините“ до победа ги предводеше Стеф Кари кој постигна 29 поени, додека Клеј Томпсон имаше 23 и Ендрју Вигинс заврши со 19 поени.

Во редовите на Минесота, која сега има скор 24/24, најефикасен беше Карл-Ентони Таунс со 31 поен и 12 скока.

Кошаркарите на Филаделфија на домашен терен славеа против Лос Анџелес Лејкерс со 105:87, предводени од Џоел Ембид, кој постигна 26 поени со девет скока и седум асистенции. Тобијас Харис додаде 23 поени за победничкиот тим, а Тајрис Мекси постигна 14 поени со десет асистенции.

Кај Лејкерси, во чии редови го немаше Леброн Џејмс, најдобар беше Ентони Дејвис со 31 поен и 12 скока, додека Расел Вестбрук натпреварот го заврши со 20 поени.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk