Не престанува лавината реакции во светската фудбалска јавност по синоќешниот меч во Лигата на Шампионите во кој тимот на Аталанта на домашен терен загуби од Реал Мадрид со 0:1 со голот на Менди. Сепак, тоа не е темата на разговор туку, црвениот картон на Фуелер, за кои мислењата се единствени дека тој е престрого досуден од страна на германскиот арбитар Тобиас Стиелер

„Разочаран сум од одлуката затоа што тој не беше последен играч во одбраната, а противникот се движеше на страна. Жолт картон би бил сосела логичен потег на судијата, но не и исклучување кое е неприфатливо во случајов. На ваков начин се уништува оваа игра. Почнувам да се сомневам во некои работи, затоа што на пример на Лацио не му беше досуден чист пенал против Баерн“ – изјави легендарниот италијански стратег Фабио Капело, кој го одработи овој меч како стручен коментатор. 

 

sportmedia.mk