logo
logo
logo

Кантегрел за мечот со Пик Сегет: Ние сме во подобра позиција затоа што не сме фаворити

Vecer | 17.02.2021

Кантегрел за мечот со Пик Сегет: Ние сме во подобра позиција затоа што не сме фаворити

Ракометарите на Вардар во четврток (19.45 часот) ги очекува натпреварот против унгарскиот ПИК Сегед во рамките на Лигата на шампионите. Францускиот голман Робен Кантегрел заедно со Марко Кизиќ ќе бидат во комбинација за овој меч на местото на Борко Ристовски.

„До крајот на групната фаза има уште пет меча, можеби и помалку со оглед на ситуацијата со коронавирусот. Па така нема многу можности за бодови. Одиме во Унгарија во подредена улога, тие се големи фаворити. Ние направивме грешки и загубивме дома, таму би требало да биде малку полесно бидејќи одговорноста како домаќин за Пик Сегет е поголема.
Ние мораме да ја поправиме одбраната и некои ситни грешки во нападот како пенали и слично. Квалитетот не ни далеку од нивниот, дури мислам дека сме многу слични само треба да одиграме добро прво полувреме со цврста одбрана и потоа ќе видиме што ќе се случи. Лути сме, сакаме да освоиме уште некој бод, не можеме да губиме од секого. Ќе повторам во овој меч влегуваме со малку полесна улога затоа што не сме фаворити“, вели Кантегрел.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk