logo
logo
logo

Кањелас ја отвори прес-конференцијата на македонски јазик

Vecer | 14.02.2021

Кањелас ја отвори прес-конференцијата на македонски јазик

Жоан Кањелас, е еден од оние ракометари кои во дресот на Вардар освоија титулата во Лигата на шампиони. Шпанскиот репрезентативец тоа го стори во 2017 година, додека во 2019 година, неговиот Пик Сегед беше елиминиран токму од македонскиот тим.

Вечерва тој беше гостин во СЦ „Јане Сандански“, во триумфот на Пик Сегед, прв во Скопје, не се запиша во листата на стрелци.

Она што е доста интересно е што Кањелас на почетокот кратко се обрати на македонски јазик.

„Добро вечер. Се извининувам што мојот македонски јазик не е како што беше лани, затоа ќе зборувам на англиски јазик“, рече Кањелас, а потоа даде кратка анализа во продолжение.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk