Камерунскиот национален тим сметаше на услугите на напаѓачот на Баерн Ерик Максим Чупо Мотинг за претстојните натпревари. Меѓутоа 31-годишниот фудбалер нема да игра затоа што од Фудбалската федерација ја испратиле поканата на погрешна адреса.
Според германски „Билд“, ФФ на Камерун ги испраќала поканите преку мејл, кога стигнала до Чупо Мотинг место на неговата мејл адреса Федерацијата си ја пратила самата на себе. Кога ја увиделе грешката веќе било доцна, не можеле да го преправаат списокот.
За ова се огласи и таткото на Чупо Мотинг.
„Ме контактираа од Федерацијата и ме прашаа што се случува, зошто синот нема одговорено на мејлот. Ги контактирав луѓето од Баерн и тие ми рекоа дека не добиле никаков мејл. Потоа од Федерацијата ја увидоа грешката, ја испратиле поканата на погрешен мејл и тоа го воочиле дури во понеделникот кога било предоцна. Тоа е недостаток на професионалност“, изјави Камил, таткото на фудбалерот.
Така Чупо Мотинг ќе ги пропушти следните два квалификациски натпревари за Купот на африканските нации.
sportmedia.mk