logo
logo
logo

Каматата е простена, најдени пари за “одглавување“ на Вардар, катарците во март!

Vecer | 10.02.2021

Каматата е простена, најдени пари за “одглавување“ на Вардар, катарците во март!

Се чини дека на повидок е решение за изнаѓање на проблемите во Вардар и токму непосредно пред стартот на подготовките. Имено како што дознаваме, на вчерашната седница на Владата, простена е каматата на долгот на клубот кон АДССДП во висина од околу 60.000 евра. Потоа се “вбризгани“ во клубот уште 100.000 евра за “одглавување“ на сметката на ФК Вардар со цел барем малку да се исплатат играчите. Секако дека во “игра“ е и ваучерот. Ова се пари со кои може, барем така велат најавите клубот колку да функционира до јуни, до завршување на сезоната.

Во врска со можната инвестиција од Катар, таа може да дојде некаде следниот месец, односно во март. Имено во моментов Владата преговара со катарците за голема инвестиција во Македонија, па ќе се направи обид во тој “пакет“ да влезе и ФК Вардар. Имало доставено понуда до катарците истата се разгледува и сега на нив е да одлучат.

Колку за потсетување, денеска за 14:30 часот е закажан старт на подготовките на Вардар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk