logo
logo
logo

Калјари освои бод и со Фиорентина, шест меча не знае за пораз

Vecer | 12.05.2021

Калјари освои бод и со Фиорентина, шест меча не знае за пораз

И шести меч едноподруго Калјари не знае за пораз. Во битката за опстанок, момците на Семплици успеаја да освојат бод на денешниот меч на домашен терен против екипата на Фиорентина играјќи без голови, 0:0, со што и натаму продолжуваат да се одвојуваат од „црвениот дел“ на табелата.

Калјари оствари 4 победи и два нерешени резултати во последните 6 кола, остана без пораз и успеа да им избега дури пет бода на фудбалерите на Беневенто, кои се единствените кои се уште грчевито се борат за опстанок. Екипите на Парма и Кротоне се враќаат во Серија Б.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk