logo
logo
logo

Каљари го смени тренерот: Семпличи на местото на Ди Франческо

Vecer | 22.02.2021

Каљари го смени тренерот: Семпличи на местото на Ди Франческо

Италијанскиот калчолигаш Каљари одлучи да го смени тренерот. Го избрка Еузебио ди Франческо, а само неколку часа подоцна го именува Леонардо Семпличи. Новиот тренер ќе има сериозна задача затоа што Каљари падна на 18-тата позиција во Серија А, пет поени од опасната зона.

Семпличи претходно работеше во Арецо, Пиза, а шест години беше во СПАЛ. Со клубот од Ферара раскина во февруари 2020 година, но се уште беше на нивниот платен список. Сега ги раскина сите врски и го презеде кормилото на клубот од Сардинија.

Договорот му е до 30 јуни 2022 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk