logo
logo
logo

Калараш ја отвори вратата во Вардар за новото засилување

Vecer | 28.05.2021

Калараш ја отвори вратата во Вардар за новото засилување

Глеб Калараш вчера преку својот „Инстаграм“ профил се збогува со Вардар по три сезони минати во „црвено-црниот“ дрес. Рускиот репрезентативец посакува со титула да се одјави од Скопје, а од овој сон го делат уште две кола.

Со заминувањето на Калараш се отвори место за новото засилување. Станува збор за Жереми Тото, кој настапува во Висла Плоцк. Заедно со Стојанче Стоилов и Патрик Валчак ќе бидат главното трио на пикерската позиција.

Тој во периодот од 2011 до 2017 играше за Кретеј, играше во Сен Рафаел, а од минатата година се пресели во Висла Плоцк.

Вардар дефинитивно од следната сезона ќе биде сосема поинаква приказна, од шампионскиот мозаик, поточно ракометари кои го водеа македонскиот тим до титулата во Лигата на шампиони, ќе останат двајца играчи Стоилов и Дибиров.

Според најавите на клупата на Вардар ќе има промени, Стевче Алушовски, заминува, останува наскоро да биде познато и името на неговиот наследник.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk