logo
logo
logo

Каланоски официјално си замина од Беласица

Vecer | 23.04.2021

Каланоски официјално си замина од Беласица

Еден од најдобрите фудбалери на тимот на Беласица изминатиов период, Антонио Каланоски си замина од Струмица. Нема повеќе да го носи дресот на Беласица, која нормално од следната сезона и онака е второлигаш.

Каланоски заминува од лични причини, а и да останеше немаше што премногу да се стори повеќе во Беласица. Клубот нема доволно бодови да се спаси од најлошото, и следната сезона ќе се натпреварува во понизок ранг.

Искусниот офанзивец секако ќе почека да заврши тековниот шампионат, па дури потоа ќе одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk