logo
logo
logo

Кала возврати: Не е точно дека сум го пцуел Дијакаби

Vecer | 06.04.2021

Кала возврати: Не е точно дека сум го пцуел Дијакаби

Мечот меѓу Кадиз и Валенсија за малку ќе беше прекинат затоа што гостинските играчи не сакаа да продолжат да играат. Причината е тоа што домашниот фудбалер Хуан Кала на расна основа го навредил фудбалерот на Валенсија Мухтар Дијакаби. Играчот на Валенсија открива дека Кала му рекол дека е „црно г….“.

Се што Дијакаби зборува и објавува на социјалните мрежи е лага. Спремен сум уште утре да се откажам од фудбалот и ако некој од моите соиграчи кажал такво нешто. Едноставно, тоа не е вистина. На стадионот нема публика, околу теренот има 20-25 микрофони, тука е и судијата, тука се и играчите, а никој ништо не слушнал“, вели Кала.

По еден дуел му реков да ме остави на мира. Толку. Ништо друго не сум му кажал. Не знам, можеби погрешно слушнал. Јас играв со играчи од разни вери и нации, 16 години сум во фудбалот и обвинет сум за нешто што не сум рекол. Доживувам медиумски линч, а без причина“, вели играчот на Кадиз.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk