logo
logo
logo

КАКОВ СРАМ: Работнички го допре дното, Феникс си поигра со најтрофејниот (ФОТО)

Vecer | 22.01.2022

КАКОВ СРАМ: Работнички го допре дното, Феникс си поигра со најтрофејниот (ФОТО)

Најтрофејниот кошаркарски колектив вечерва го запиша еден од најсрамните порази во поновата историја. Работнички е оставен на цедлио, тимот кој важи за еден од најдобрите во македонскиот шампионат со години, сега личи на третолигашки состав кој случајно влетал во елитната конкуренција. Секоја чест за сите оние кои одлучија да ја облечат „црвено-белиот“ дрес и излегоа во една тешка ситуација да ги бранат боите на клубот.

Во продолжението на сезоната Работнички продолжи без првиот тренер Тони Симиќ, без странските засилувања, сето ова по вина на оние кои на овој клуб му ветуваа планини и долини, а на крајот го оставија да се дави во калта.

Прв кој му го зеде скалпот на овој очаен Работнички е Феникс. Дебитантот ги дочека своите пет минути, откако на првата пресметка оваа сезона не успеа да го добие по продолжение, сега му се реваншираше со камата, го совлада со убедливи 102-51 и направи чекор напред кон посакуваните шест места кои водат во Супер-лигата.

Трајковски во дебито постигна 17 поени, Митревски, Морган и Михајловски имаа по 13 коша. Какруки имаше 13 поени, Величковски 12.

Овој дуел беше решен пред да почне, Феникс поведе со 27-16, на одморот позитивата беше 45-27. До крајот дебитантот без мислост го газеше противникот, оваа победа ќе биде запишана во историјата на домашниот тим.

На другата страна кошаркарите на Работнички беа немоќни во налетот на Феникс, на крајот се помирија со поразот, но не и фактот дека еден ваков тим со големо име го чекаат црни денови.

Навивачите се незадоволни од уште поодамна, нивниот омилен тим падна во рацете на луѓе на кои спортот не им значи ама баш ништо.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk