logo
logo
logo

Каков шок: Нема ЛОИ за Хрватска, Португалија ја совлада Франција

Vecer | 14.03.2021

Каков шок: Нема ЛОИ за Хрватска, Португалија ја совлада Франција

Голема драма на последната квалификациска средба за место на Летните олимписки игри во Токио. Франција имаше шанса многу лесно да дојде до третата победа, но не ja искористи позитивата од стартот на првото полувреме која изнесуваше и шест гола.

Португалија се врати, на одморот замина со негатива од 12-13. Пред крајот на мечот, Французите имаа и плус два, но желбата за виза во Токио беше голема. Ракометарит на Португалија дојдоа до триумфо од 29-28 и ја елиминираа Хрватска, која заврши на третото место во групата 2.

Во Токио ќе бидат Норвешка, Бразил, Шведска и Германија. Место има Јапонија како домаќин, Данска како светски првак од 2019 година, Шпанија како актуелен европски првак, Египет како шампион на Африка, Аргентинцие како панамерички прваци и Бахреин кој доаѓа од азијските квалификации.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk