logo
logo
logo

Кајри Ирвинг: Коби мора да го има на логото на НБА!

Vecer | 25.02.2021

Кајри Ирвинг: Коби мора да го има на логото на НБА!

Кајри Ирвинг, бекот на Бруклин Нетс и еден од најдобрите кошаркари во светот, на својот Инстаграм профил побара од надлежните во НБА да го сменат логото.

Коби Брајант мора да го има новото лого на НБА, тоа мора да се случи. “Црните кралеви“ ја изградија оваа игра“ напиша Ирвинг.

Да потсетиме дека моменталната силуета на логото на НБА е на Џери Вест, легендарниот кошаркар на Лејкерси од шеесетите и седумдесетите години од минатиот век. Самиот Вест пред неколку години даде идеја неговата силуета да се замени со онаа на Мајкл Џордан, човек кој кошарката ја дигна во некоја друга димензија. Сепак по трагичната смрт на Брајант, светот на кошарката е се погласен во барањата токму силуетата на Коби да биде на новото лого.

Од друга страна, раководството на НБА засега нема намера нешто да менува кога станува збор за ова прашање.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk