Веќе наредниот месец стартуваат квалификациите за СП во Катар 2022 година. Познато е дека Македонија се наоѓа во групата Ј, каде веќе на 31 март, тоа ќе биде третиот наш натпревар, и гостуваме на Германија, најголемиот фаворит за првото место во нашата група. И дотука се е во ред, но дали навистина нашата најдобра репрезентација на 31 март ќе и гостува на Германија во Дуисбург, како што е веќе закажано? Прашуваме дали, со оглед на тоа дека познати се најновите мерки од страна Владата на Германија, кои важат до 1 април.Тие мерки се заострени поради новата ситуација со коронавирусот во таа земја, па одлучено е секој оној што ќе допатува во Германија, а не доаѓа од земја на Европската Унија, прво ќе мора да мине во двонеделен карантин, па дури потоа да влезе во таа земја.

Ако е така, ако тие мерки и натаму ќе бидат на сила, тогаш нема никакви шанси нашата најдобра фудбалска репрезентација да игра на 31 март во Дуисбург или било кој град во Германија. Дали во тој случај би се играло на неутрален терен, останува да се види.

Ова го потенцираме со оглед на тоа дека мечот од осминафиналето во Лигата на Шампионите меѓу Лајпциг и Ливерпул на 16 февруари, ќе се игра во Будимпешта.

sportmedia.mk