logo
logo
logo

Јувентус тргна победнички – првенец на Ди Марија и два гола на Влаховиќ (видео)

Vecer | 15.08.2022

Јувентус тргна победнички – првенец на Ди Марија и два гола на Влаховиќ (видео)

Во последниот меч од 1. коло во Серија А екипата на Јувентус го совлада Сасуоло со 3:0 и со тоа најави дека ќе треба сериозно да се смета на него во трката по титулата во новата сезона.
Резултатот го отвори новајлијата Анхел Ди Марија во 26. минута, во 43 минута погоди и Душан Влаховиќ од пенал. Во 51 минута на асистенција на Ди Марија повторно Влаховиќ ја затресе мрежата на противникот за убедлива победа и први бодови на табелата.
Идното коло „Старата дама“ ќе се соочи со Сампдорија во гости, а потоа следува дербито со Рома.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk