logo
logo
logo

Јувентус со соопштение по повод Суперлигата

Vecer | 21.04.2021

Јувентус со соопштение по повод Суперлигата

Конечно, откако беше основана, а во меѓувреме и пропадна Суперлигата, новото фудбалско натпреварување кое требаше да ги собење дванаесетте клубови од Европа во еден нов формат, Јувентус како клуб се јави со официјално соопштение по повод ситуацијата.

Суперлигата е мртва, тоа е веќе повеќе од јасно, но засега, Јувентус, Реал Мадрид и Барселона официјално сеуште не се откажале од истата, како што тоа го сторија претставниците од Англија.

„Повикувајќи се на соопштението кое беше објавено на 19. април, а кое се однесува на прелогот на освновање на Суперлигата, како  нјавната расправа која што следеше потоа, свесни сме за потребата и намерата на одредени клубови да се повлечат од овој проект. Иако процедурите дредвидени за консензус помеѓу клубовите не се завршени.

Во тој контекст, Јувентус останува уверен во исправноста на спортските, комерцијалните, и правните процеси на овој проект. Во моментов шансите овој проект пом оригиналниот план да опстои се многу мали, но Јувентус останува посветен на создавање на долгорочни вредности како за компаниите така и за фудбалската индустрија“ – стои во соопштението на Јувентус.

 

Од друга страна пак првиот човек на овој клуб, претседателот Ањели синоќа изјави дека помеѓу клубовите основачи на Суперлигата постои „крвав пакт“, и дека продолжуваат да работат на тоа Суперлигата да успеее.

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk