logo
logo
logo

Јувентус одлучи: Дибала може да си оди

Vecer | 06.04.2021

Јувентус одлучи: Дибала може да си оди

Јувентус одлучи да не го продолжува договорот со напаѓачот Пауло Дибала.

Според весникот „Калчо Меркато“, торинскиот клуб го повлекол својот предлог за продолжување на соработката. Самиот фудбалер сакаше да остане во Јувентус под услов да добива 10 милиони евра годишно.

Дваесет и седумгодишниот Аргентинец игра во торинскиот клуб од 2015 година. Неговиот договор со Јувентус е до летото 2022 година, но можно е да го продадат и годинава, ако стигне некоја добра понуда.

Претходно, управата на клубот го суспендираше играчот на неколку натпревари поради фактот што тој ги прекршил мерките на претпазливост за време на пандемијата на коронавирус присуствувајќи на настан полн со луѓе.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk