logo
logo
logo

Јувентус и Дибала ги „одмрзнуваат“ преговорите

Vecer | 12.04.2021

Јувентус и Дибала ги „одмрзнуваат“ преговорите

Преговорите за обновување на договорот на Пауло Дибала со Јувентус ќе продолжат во мај, објави денеска весникот „Тутоспорт“. Актуелниот договор на 27-годишниот Аргентинец е до 2022 година и клубот во неколку наврати сакаше да го продолжи, но во последно време преговорите беа стопирани, а за Дибала се зборуваше дека ја игра последната сезона во Торино.

Разговорите меѓу шефовите на „Старата Дама“ и Дибала започнаа минатата година, но тие никогаш не постигнаа договор, по што преговорите беа замрзнати некое време, бидејќи играчот се здоби со повреда.

Сега се верува дека двете страни се подготвени повторно да седнат на преговарачката маса. Јуве е подготвен да му понуди на Дибала плата од 10 милиони евра по сезона, што ќе биде зголемување за 2,5 милиони во споредба со 7,5 милиони евра што тој во моментов ги добива.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk