logo
logo
logo

Јуве го сака Зидан, во “игра“ е и Алегри. Роналдо? Толку беше...

Vecer | 10.03.2021

Јуве го сака Зидан, во “игра“ е и Алегри. Роналдо? Толку беше...

Фудбалска Италија е во шок, посебно фановите на Јуве. Вчера Порто го елиминира најтрофејниот италијански клуб уште во 1/8 финалето во ЛШ. Значи и оваа година “бјанко – нерите“ нема да дојдат до „ушлето“. А целиот проект со ангажманот на Роналдо, силните пари вложени во него, беше да се дојде до пехарот во ЛШ.

Очигледно е дека проектот на газда Ањели и на директорите Недвед и Паратичи пропадна.

И што сега, се прашуваат сите.

Како ли сега Јуве ќе се однесува кога оваа сезона е едноставно “фрлена“ во бунар.

Луѓето кои се блиски до Јуве, посебно новинарите известуваат дека Ањели со сите сили ќе тргне по Зинедин Зидан, ако овој го напушти Реал Мадрид. Проблемот е ако Зизу и си замине од Реал, тогаш има големи шанси да биде селектор на Франција.

Што ли ќе одбере, Јуве или Франција?

Дури сега се гледа каква грешка направи Ањели со ангажманот, прво на Сари а потоа и на Пирло за тренери на тимот.

Катастрофа.

Сега се говори дека нема да биде сензација, ако не се дојде до Зидан, тогаш да се врати Масимилијано Алегри, човекот кој што со Јуве двапати играше во финалето во ЛШ. Нешто што со Пирло е научна фантастика.

А, Роналдо?

Е, па толку беше. Тој има договор со Јуве до јуни 2022 година, но на лето сигурно ќе дојде до раскин на соработката.

Роналдо троши премногу пари, а со него Јуве не може да дојде до ЛШ.

Се знае што следува….


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk