Тимот на Јута Џез им се врати на победничките патеки откако синоќа во најновата НБА програма успеа да слави против тимот на Лос Анџелез Лејкерс со конечни 114:89. Одлична тимска игра на тимот на Џез во кој дури шест играчи имаа над десет поени, додека Кларксон и Руди Гобер стигнаа до 18. Леброн Џејмс постигна 19. поени во четвртио последователен пораз на Лејкерси.

Ниту тимот на Бостон не минува подобро во моментов затоа што во Атланта го забележа седмиот пораз во последните десет меча. Во триумфот од 127:112 домашните ги водеше, Данило Галинари кој ја имаше една од партитте на својата кариера со 38 постигнати поени и неверојатно десет тројки.

РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Хјустон 112:96

Индијана – Голден Стејт 107:111

Чикаго – Минесота 133:126

Њу Орлеанс – Детроит 128:118

Оклахома – Сан Антонио 102:99

Феникс – Шарлот 121:124

sportmedia.mk