Лидерот во Западната конференција, Јута Џез го запиша 34. триумф оваа сезона во НБА-лигата, откако против Мемфис славеше со 126-110. Домашните кошаркари дуелот го решија во првата четвртина во која имаа позитива од 20 поени (39:19).
За Јута ова беше петта победа во низа, одличен беше Мичел со 35 поени, Кларксон запиша 28 поени.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=iyEWbBJN-ek[/embed]
Во едно од дербито одиграни во НБА-лигата, ЛА Клиперс ја совладаа Филаделфија со 122-112 и стигнаа до петата победа во низа и останаа на третото место во Западот пред градскиот ривал и актуелен првак, ЛА Лејкерс.
Најдобар во составот на Клиперси беше Леонард со 28 поени, додека на другата трана Херис имаше 29 поени.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=G9UbLMRflmI[/embed]
Далас Маверикс без Лука Дончиќ дефинитивно не може, беше поразен од Њу Олреанс со 112-103. Вилијамсон со 38 поени доминираше на овој натпревар.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=ouy122RJtDY[/embed]
Резултати: Милвоки – Њујорк 96-102, Минесота – Хјустон 107-129, Вашингтон – Детроит 106-92, Сан Антонио – Чикаго 120-104, Њу Орлеанс – Далас 112-103, Оклахома – Бостон 94-111, Јута – Мемфис 126-110, ЛА Клиперс – Филаделфија 122-112, Сакраменто – Кливленд 100-98.
ФОТО: utahjazz @utahjazz/twitter
sportmedia.mk