Најдобриот тим во НБА-лигата, Јута Џез го совлада Бруклин со убедливи 118-88 во дебито на вечерта. Нетси во составот беа без Кајри Ирвинг, Џејмс Харден и Кевин Дурент, па токму затоа лидерот во Западната конференција дојде до лесна победа.

Донован Мичел со 27 поени ја предводеше Јута до нова победа, на другата страна одлична партија пружи Ализ Џонсон кој запиша 23 поени и 15 скока за 23. минути на теренот.

Резултати: Индијана – Детроит 116:111, Милвоки – Бостон 121:119, Торонто – Денвер 135:111, Чикаго – Кливленд 94:103, Хјустон – Шарлот 97:122, Минесота – Далас 108:128, Оклахома – Мемфис 107:116, Орландо – Феникс 112:111, Сан Антонио – ЛА Клиперс 101:134, Сакраменто – Атланта 110:108, Јута – Бруклин 118:88.

ФОТО: Utah Jazz

sportmedia.mk