logo
logo
logo

Јунајтед слави на Сан Сиро, Славија Прага направи сензација (видео)

Vecer | 18.03.2021

Јунајтед слави на Сан Сиро, Славија Прага направи сензација (видео)

Манчестер Јунајтед е патник во четвртфиналето на Лига Европа. „Ѓаволите“ вечерва на „Сан Сиро“ го победија Милан со 1:0 и со тоа отидоа понатаму. Првиот меч на „Олд Трафорд“ заврши 1:1, тогаш „росонерите“ се спасија со гол во финишот, но на реваншот момците на Солскјер покажаа дека во моментов се подобар противник.

Голот за победа го постигна Пол Погба што е негов прв во Европа по 2018 година.

А по Динамо Загреб, сензација направи и Славија Прага. Чешката екипа го победи Ренџерс во гости со 2:0. Првиот меч заврши 1:1, па со оваа голема победа на „Ајброкс“ ја лансираше Славија во четвртфинале.

Вечерва се беше на страната на „црвено-белите“. Олајинка донесе водство, во вториот дел Ренџерс остана со двајца играчи помалку Руф и Балогун добија црвени картони, а Станчиу ја запечати победата на чешкиот тим.

Во четвртфиналето се уште Ајакс и Виљареал. Ајакс и на реваншот го победи Јанг Бојс (сега со 2:0), а и Виљареал втор пат го совлада Динамо Киев со 2:0.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk