logo
logo
logo

Јунајтед дава богатство за Маркос Љоренте

Vecer | 26.03.2021

Јунајтед дава богатство за Маркос Љоренте

Шпанскиот „АС“ пренесува дека Манчестер Јунајтед летово ќе тргне по услугите на Маркос Љоренте, играчот за врска на Атлетико Мадрид.

За да стигне до неговиот потпис, тимот од Олд Трафорд планира да издвои 80 милиони евра.

Љоренте засега изјавува дека нема намера да замине, и покрај тоа што за него се интересираат и други клубови и дека ќе остане во тимот на Атлетико.

Јунајтед го сакаше Љоренте уште во 2020 година, но тогаш се реши за Дони Ван Де Бек кој не ги оправда очекувањата од челниците на Манчестер, и голема е веројатноста да ја смени средината.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk