logo
logo
logo

Јовиќ и Е.Пелистер 2 ја продолжија соработката

Vecer | 05.03.2021

Јовиќ и Е.Пелистер 2 ја продолжија соработката

Непосредно пред почетокот на плеј-офот, битолскиот клуб и тренерот Александар Јовиќ договорија продолжување на соработката. Јовиќ денес потпиша договор на една сезона и ќе го води Еурофарм Пелистер 2 до 2022 година.

„Сакам да изразам благодарност до претседателот Зоран Стерјев и целокупната управа на ракометното семејство Еурофарм Пелистер за укажаната доверба и за продолжувањето на соработката. Голема благодарност што управата ни овозможи одличен тренерски тим. Тука мислам на Александар Зарков како мој прв соработник, Зоран Атанасовски, кондицискиот тренер Александар Марковски, физиотерапевтот Јован Боглев и Златко Вељановски како логистика. Имаме одличен тим и во следната сезона ќе ја оправдаме довербата и ќе работиме за добробитот на битолскиот и македонскииот ракомет“, изјави Јовиќ.

Во рамките на првото коло на плеј-офот, Еурофарм Пелистер 2 утре гостува во Скопје против Вардар. Натпреварот почнува во 15:00 часот.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk