logo
logo
logo

Јоветиќ со многу чувство за триумф на Монако (ВИДЕО)

Vecer | 11.04.2021

Јоветиќ со многу чувство за триумф на Монако (ВИДЕО)

Тимот на Монако дојде до победа на домашен терен против последнопласираниот тим на Дижон со 2:0, а интересна ситуација се случи при премиерниот гол на овој меч.

Бен Једер изведе пенал, противнчкиот голман одбрани екстра, но црногорскиот интернационалец Стеван Јоветиќ со многу чувство ја следеше ситуацијата и „од втора“ му донесе водство на својот тим. До крајот тимот на Монако токму со голот на Бен Једер стигна до конечните 2:0.

Монако е трето со сеуште реални шанси за титулата, а Дижон со само 15 бода веќе е испаднат.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk