logo
logo
logo

Јотиќ: Заслуживме барем бод од двата меча со Пик Сегед

Vecer | 18.02.2021

Јотиќ: Заслуживме барем бод од двата меча со Пик Сегед

Вардар 1961 одново остана со празни раце во дуелот со Пик Сегед. Во Скопје поради неколку грешки „црвено-црните“ изгубија, а истото сценарио им се повтори и во Унгарија. Вардарци водеа на полувреме, но лошиот старт на вториот дел и неколкуте грешки ги одведе во пораз против унгарскиот вицешампион. На прес-конференција Ловро Јотиќ посочи дека „црвено-црните“ заслужиле барем бод.

„Честитки уште еднаш за ПИК Сегед за победата. Ги добија двата натпревари со нас, а ние заслуживме барем еден поен на овие средби. И на двете средби имавме две добри полувремиња, но во вторите полувремиња правевме грешки во нападите. Мора да продолжиме понатаму и се надевам дека ќе дојдеме до посакувани резултати во следните натпревари“, кажа Јотиќ.

Следниот меч на Вардар е против норвешки Елверум во Скопје.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk