Македонскиот стратег Мирсад Јонуз ги заврши обврските со клубот Лусаил Сити кој се натпреварува во втората лига на Катар. Викендов се одигра последното коло, а Лусаил победи со 1:0 на гостувањето кај Муатер и го зазеде шестото место на табелата во конечниот поредок од вкупно осум екипи.

Инаку Јонуз дојде во Лусаил во октомври минатата година. Поранешниот македонски селектор за СПОРТМЕДИА вели дека може да остане во Лусаил, но и дека има понуди од други клубови од Блискиот исток.

За следниот предизвик ќе почекаме клубот да добие лиценца за професионален клуб, а дотогаш ќе разгледаме и други понуди оа Катар, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија“, ни изјави Јонуз.

 

sportmedia.mk