logo
logo
logo

Јоновски: Му благодарам на Лазаров, сонот на секој играч е да ја претставува својата земја!

Vecer | 17.06.2021

Јоновски: Му благодарам на Лазаров, сонот на секој играч е да ја претставува својата земја!

Македонскиот репрезентативец, Аце Јоновски од 2018 година е на клупата на Ратинген, прво како асистент тренер, а потоа и како главен. Од оваа година е член на стручниот штаб на селекторот, Кирил Лазаров.

Јоновски во интервју за официјалниот сајт на Ратинген зборува за победата над Данска, меч за кој долго време ќе се зборува, но и за доверената шанса од страна на Лазаров, да биде во стручниот штаб на нашиот најдобар национален состав.

„Многу сум среќен за оваа можност. Сон е на секој ракометар и тренер е да да ја претставува својата земја. За мене е голема чест што можам да ја претставувам својата земја не само како играч, туку сега и како тренер, ова може да биде кулминација на цела кариера. Голема благодарност до Кирил Лазаров, кој ме повика да бидам дел од стручниот штаб. За мене лично, оваа можност значи многу нови искуства и уште повеќе рутина како тренер. Во исто време, оваа работа е исто така многу тешка и морам да бидам 100% посветен на секој ситен детал“, вели Јоновски.

За Данска и победата од 33-29 во Скопје во рамките на квалификациите за ЕП 2021, Јоновски открива дека добро се подготвиле, а за да се добие еден ваков меч мора да се верува во она што се работи.

„Се разбира дека не е реално да кажам дека тоа го очекував, но пред натпреварот седнавме со целиот тренерски тим и изработивме план како да ја победиме Данска. Мора да бидете убедени во тој план и да верувате дека можете да победите, во спротивно нема да го остварите тоа. Предизвик беше сето ова да им го пренесеме на играчите, да ги убедиме дека можеме да го победиме светскиот шампион. Тогаш работевме многу со видео анализи, бидејќи имавме само четири тренинзи пред натпреварот со Данска. Целиот тренерски тим заврши одлична работа, а момците добро го спроведоа на теренот. Да се ​​победи на првиот натпревар по светскиот шампион по завршување на Мундијалот не е мала работа“, рече Јоновски. 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk