Денвер без никакви проблеми славеше на гости кај Атланта со 126-102 за 28 победа оваа сезона. Поради големата разлика, тренерот Мелоун ги поштеди стандардните кошаркари. Овој дуел беше српско дерби меѓу Никола Јокиќ и Богдан Богдановиќ.

Јокиќ беше одново на ниво на задачата, за 29. минути на терен беше близу до трипл-дабл, запиша 16 поени, 10 скока и 8 асистенции. Зад своето име додаде уште две блокади и добри 7/12 од поле. Добро се вклопи и новото засилување Ерик Гордон, кој постигна 13 поени. Во таборот на Нагетси прв стрелец беше Грин со 20 поени за само 14. минути.

На другата страна Јанг 21 поен, додека Богдановиќ запиша само девет.

ЛА Лејкерси фатија ритам, ја запишаа втората победа во низа, откако славеа против Орландо со 96-93. Прв стрелец беше Шрудер со 24 поени, Кузма имаше дабл-дабл од 21 поен и 11 скока, со ист учинок беше и Херел, имаше 18 поени и 11 скока.

На останатите средби, Шарлот беше совладан од Феникс со 97-101, додека Торонто беше поразен од Портланд со 117-122.

sportmedia.mk