logo
logo
logo

Јокиќ посилен од повредата: Постигна 24 поени во една четвртина (ВИДЕО)

Vecer | 06.05.2021

Јокиќ посилен од повредата: Постигна 24 поени во една четвртина (ВИДЕО)

Никола Јокиќ беше под знак прашалник за дуелот против Њујорк поради повреда на прстот на ногата, но српскиот репрезентативец одлучи да стигне заби и одигра неверојатен натпревар.

Иако Нагетски веќе се пласирани во плеј-офот, сепак Јокиќ беше на теренот, а неговиот тим без проблем славеше со 113-97. Тој мечот го заврши со 32 поени, 12 скока, шест асистенции и по две украдени топки и блокади. Првата четвртина беше една од неговите најдоминантни партии во НБА-лигата, постигна 24 поени со 8/9 од поле. Имаше помош од Риверс кој постигна 25 поени.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=B031Eq9PSSA[/embed]

Резултати: Орландо – Бостон 96-132, Кливленд – Портланд 105-141, Атланта – Феникс 135-103, Хјустон – Филаделфија 115-135, Индијана – Сакраменто 93-104, Милвоки – Вашингтон 135-134, Минесота – Мемфис 135-139, Денвер – Њујорк 113-97, Јута – Сан Антонио 126-94.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk