logo
logo
logo

Јокиќ и Дончиќ во стартната Ол-стар петорка на Западот

Vecer | 19.02.2021

Јокиќ и Дончиќ во стартната Ол-стар петорка на Западот

Српскиот репрезентативец, Никола Јокиќ заедно со Лука Дончиќ ја предводат стартната петорка во Западната кофенерација на Ол-стар викендот, кој на 7. март ќе се одржи во Атланта.

Покрај нив двајцата во првата петорка се најдоа Леброн Џејмс, Кавај Ленард и Стеф Кари. На истокот најмногу гласови добија Кајри Ирвинг, Бредли Бил, Јанис Адетокумбо, Кевин Дурент и Џоел Ембид.

Ол-старот ќе биде во знакот на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант. На конечниот број поени ќе се додадат уште 24, по бројот што го носеше екс-кошаркарот на Лејкерс.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk