logo
logo
logo

Јокиќ е недопирлив, Лејкерси не можат без Леброн и Дејвис (ВИДЕО)

Vecer | 24.03.2021

Јокиќ е недопирлив, Лејкерси не можат без Леброн и Дејвис (ВИДЕО)

Никола Јокиќ одигра уште еден фантастичен натпревар во дресот на Денвер. Нагетси славеа на гостувањето кај Орландо со 110-99, а српскиот репрезентативец запиша нов трипл-дабл, четврти овој месец.

За 36. минути во игра, Јокиќ постигна 28 поени, имаше 15 скока и 10 асистенции, зад него беше Мареј со 21 поен. Во редовите на поразениот тим, Фурние дојде до 31 поен.

Денвер и натаму е на петото место на табелата на Западот, има скор од 26 победи и 17 порази, додека пак Орландо е претпоследен во Источната конференција.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=AXRdkqmekI8[/embed]


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk