Банкротот не му остави избор на Борис Бекер

Јас сум легенда извлечете ме од долгови

Бекер ќе влезе во реалното шоу "I'm celebrity, get me outta here". Се работи за шоу со 12 познати личности, кои ќе живеат на оддалечена локација надвор од цивилизацијата, а воедно ќе се борат за кралот и кралицата на џунглата

Поранешниот тренер на најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, Германецот Борис Бекер, неодамна прогласи банкрот, па затоа сега не бира средства за повторно да застане на нозе.

Бекер ќе влезе во реалното шоу "I'm celebrity, get me outta here". Се работи за шоу со 12 познати личности, кои ќе живеат на оддалечена локација надвор од цивилизацијата, а воедно ќе се борат за кралот и кралицата на џунглата.

Неговата финансиска ситуација е ужасна, и неопходен му е брз начин на заработка за да ги врати долговите. Неговиот ПР тим преговата со челниците на реалното шоу, од кои се надева дека ќе добие најмалку половина милион фунти за учество, вели извор близок до Бекер.

Поради неможноста да ги плати големите долгови, на легендарниот германски тенисер ќе му биде конфискуван имотот вклучувајќи ги и трофеите што ги освоил во неговата кариера. Долговите на Бекер изнесуваат околу 61 милион евра, што е многу повеќе од првично најавените 3,5 милиони, пишуваат германските медиуми "Штерн" и "Бунте".

Трите трофеи од грен слем турнирите, два од Австарлија опен и еден од САД Опен ќе бидат ставени на аукција заедно со имотот, а претходно беа запленети четири скапи часовници во вредност од 50.000 долари.

Бекер во тешката финансиска состојба се најде откако повеќе од 100 милиони евра загуби во лоши инвестиции, како што е сомнителниот нафтен договор во Нигерија.

Само од тениска кариера заработил околу 53 милиони евра, а во моментов работи како шеф на тенис-секторот во Тениската федерација на Германија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари