logo
logo
logo

Јапонските граѓани сакаат откажување на Олимписките Игри

Vecer | 10.05.2021

Јапонските граѓани сакаат откажување на Олимписките Игри

Речиси 60 проценти од јапонските граѓани сакаат Олимпијадата во Токио, која треба да започне за помалку од три месеци, да биде откажана поради пандемијата на Ковид-19, покажува денеска објавената анкета.

Јапонија ја продолжи вонредната состојба во Токио до крајот на мај и се бори да го запре наглиот пораст на случаи на коронавирус, покренувајќи дополнителни прашања за тоа дали ЛОИ треба да се одржат.

Олимписките игри 2020 година беа одложени за една година поради пандемијата и тие треба да бидат отворени на 23 јули и да траат до 8 август.

Анкетата спроведена од 7 до 9 мај за дневниот весник „Јомиури Шимбун“ покажа дека 59 проценти од анкетираните сакаат Олимписките игри да бидат откажани, додека 39 проценти сакаат тие да се одржат. „Одложување“ не се нуди како можност за одговор.

Меѓу оние кои гласаа за одржување на Игрите, 23 проценти изјавија дека тоа треба да се направи без гледачи.

Доаѓањето на гледачи од странство е забрането, а конечната одлука за присуството на домашните гледачи ќе биде донесена во јуни.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk