ЕДЕН ДЕТАЉ ПАЃА ВО ОЧИ
ЈАПОНЦИТЕ СЕ НЕВЕРОЈАТНИ! Погледнете каква соблекувална зад себе оставија фудбалерите

Јапонските фудбалери уште еднаш ја воодушевија светската јавност бидејќи ја оставија соблекувалната во беспрекорна состојба.
Официјалната страница на ФИФА објави фотографија од јапонската соблекувална по мечот со Хрватска, а во продолжение покажаа и дека Јапонците зад себе оставиле 11 оригами што е симбол на честа во оваа земја.
初志貫徹 ❤️🇯🇵 pic.twitter.com/pepe1FNa9v
— FIFAワールドカップ 🏆 (@FIFAWorldCup_JP) December 5, 2022
Ѓубрето од трибините по натпреварот го подигнаа и јапонските навивачи кои објаснија зошто го прават тоа.
„Нашето срце е чисто, па трибините мора да бидат чисти. Тоа значи дека тимот ја исполнува својата судбина. Средувањето и чистењето кога заминуваме е манифестација на нашата култура”, објасни еден Јапонец.