Генералниот секретар на јапонската владејачка либерално-демократска партија, Тошихиро Никаи, смета дека ако ситуацијата со коронавирусот се влоши и одржувањето на Олимписките игри стане крајно тешко, тие се подготвени на опцијата за ново откажување на Игрите.

„Ако се каже дека одржувањето на Игрите е практично невозможно, тогаш не останува ништо друго освен да се откажат“, вели Никаи во изјава за јапонска телевизија.

Генералниот секретар на владејачката партија повторно ја активираше опцијата за откажување на ЛОИ, иако од ИОК велат дека тоа не е опција за нив.

Олимписките игри во Токио беа одложени за една година поради коронавирусот и треба да се одржат од 23 јули до 8 август.

 

sportmedia.mk