logo
logo
logo

Јапонците децидни: Ако пандемијата не се смири, нема гледачи на ЛОИ во Токио

Vecer | 30.04.2021

Јапонците децидни: Ако пандемијата не се смири, нема гледачи на ЛОИ во Токио

Олимписките игри во Токио многу веројатно ќе станат првите во историјата кои ќе се одржат без присуство на гледачи на спортските борилишта. Претседателката на Организацискиот комитет, Сеико Хашимото, денеска потврди дека голема е веројатноста ЛОИ во јапонската престолнина да останат со празни трибини.

Уште во март беше донесена одлука да не се дозволуви доаѓање на гледачи од странство, а поради се потешката епидемиолошка состојба во Јапонија, конечната одлука за тоа дали домашните навивачи ќе бидат на боиштата е одложена за јуни.

„Нашата прва цел е безбедно одржување на Игрите, како за спортистите, така и за сите жители на Јапонија. Ова значи дека ако обемот на пандемијата е на рамниште на ова сега или поголемо, тие би можеле да се одржат целосно без гледачи. Според анкетите, нашите сограѓани се загрижени и ако ситуацијата не се подобри, тогаш ќе донесеме одлука Игрите да се одржат без присуство на гледачи“, рече Хашимото.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk