logo
logo
logo

Јанта Волеј КВ ја освои двојната круна на домашната одбојкарска сцена

Vecer | 22.04.2021

Јанта Волеј КВ ја освои двојната круна на домашната одбојкарска сцена

За првпат во својата клупска историја, одбојкарките на Јанта Волеј КБ ја освоија двојната круна на домашната одбојкарска сцена. Во „мајсторката“ од финалето на плеј-офот Јанта Волеј КВ славеше со 3:2 (22:25, 26:24, 14:25, 26:24, 15:11) во дуелот со Вардар и со тоа успеа да дојде до клучната победа за освојување на шампионската титула.

„Вардарки“ имаа две големи шанси да дојдат до шампионската титула, откако двапати водеа со 1:0 и 2:1 во сетови, но во четвртиот сет дозволија Јанта Волеј КВ да се врати во неизвесна завршница и на крајот да се избори за тај-брејк во кој успеа да ја освои шампионската круна.

Голема битка на двете страни имаа интернационалките Собол од Украина во дресот на Јанта Волеј КВ и Агуеро од Куба кај екипата на Вардар, кои мечот го завршија со 35, односно 33 реализирани поени. За Јанта Волеј КВ ова е трета титула на домашната сцена по оние од 2017 и 2019 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk