logo
logo
logo

Јанта Волеј КВ е новиот освојувач на Купот кај дамите

Vecer | 28.03.2021

Јанта Волеј КВ е новиот освојувач на Купот кај дамите

Одбојкарките на Јанта Волеј КВ се новите освојувачки на Купот на Македонија. Во денешното финале во Струмица, Јанта Волеј КВ извојува победа од 3:1 над екипата на Вардар и во петтото Куп-финале успеа да дојде до престижниот пехар. Атакот на пехарот, одбојкарките на тренерот Манасков го најавија уште во првиот сет, кој го добија со убедливи 25-18.

Следуваше осличен и неизвесен втор сет, во кој вардарки се вратија во добар ритам, но не успеаја да израмнат. Јанта Волеј КВ дојде до 25-23 и поведе и со 2:0 во сетови. Вардар имаше одличен трет сет во кој најави дека нема да се предаде лесно.

“Црвено-црните” со голема борба успеаја да го освојат сетот со 25-20 и да намалат на 2:1 во сетови. Жестпката битка на паркетот во Струмица продолжи и во четвртиот сет, кој Јанта Волеј КВ го доби на разлика, 26-24 за конечен триумф и освојување на куп-трофејот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk