logo
logo
logo

Јанков: Можеме да се носиме со сите, верувам дека ќе ја постигнеме целта

Vecer | 22.03.2021

Јанков: Можеме да се носиме со сите, верувам дека ќе ја постигнеме целта

Голманот Ристе Јанков е еден од новаците во составот на Игор Ангеловски. Чуварот на мрежата на Работнички е повикан за претстојните натпревари на Македонија во квалификациите за СП 2022. Тој истакна дека е горд што е дел од националниот тим.

Благодарност за поканата. Задоволство е да се биде овде. Ќе го дадам својот максимум за што подобро да се подготвиме за овие натпревари. Оваа селекција има квалитет и може да се носи со сите. Верувам дека ќе ја постигнеме нашата цел. Со тоа што се пласиравме на Европско првенство докажавме дека имаме квалитет во нашите редови. Убеден сум дека секој фудбалер ќе го даде својот максимум. Секој натпревар е важен за нас, без разлика против кого играме“, вели чуварот на мрежата на Работнички.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk