logo
logo
logo

Јанис и Милвоки го декласираа Голден Стејт, Денвер и Јокиќ лесно со Портланд! (ВИДЕО)

Vecer | 14.01.2022

Јанис и Милвоки го декласираа Голден Стејт, Денвер и Јокиќ лесно со Портланд! (ВИДЕО)

Кога ќе се разигра Јанис Адетокумбо, тогаш се е полесно за шампионот Милвоки, па кога за противник имаш и таков ривал како што е Голден Стејт.

Имено Милвоки со 118-99 успеа да го победи Голден Стејт во дербито на вечерта во НБА, а Јанис постигна 30 поени, имаше 12 скокови и 11 асистенции. Ова за него беше трет трипл-дабл сезонава. Стеф Кари кај Голден Стејт имаше само 12 поени.

Уште една добра партија на Никола Јокиќ кој го предводеше својот Денвер до убедлив триумф над Портланд, и тоа со 140-108. Србинот постигна 20 поени иако играше само половина час на овој меч.

На останатите натпревари Минесота загуби од Мемфис (108-116), Њу Орлеанс славеше против ЛА Клиперс (113-89), Оклахома беше убедлива со Бруклин (130-109).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk