logo
logo
logo

Јаневски го однесе Олимпијакос во финале на Купот на кое чекаа 30 години!

Vecer | 21.04.2021

Јаневски го однесе Олимпијакос во финале на Купот на кое чекаа 30 години!

Македонскиот стратег Чедомир Јаневски го однесе Олимпијакос во финалето на Купот на Кипар и тоа е прво за овој клуб по пауза од 30 години. Денеска, „зелено-црните“ беа подобри од АЕЛ Лимасол во гости со 1:0, а имаа и победа од 4:2 од првиот меч, па со вкупни 5:2 се пласираа во финалето на Купот и добија шанса да се борат за пехарот.

Чеде го препороди Олимпијакос. По лошиот старт и трите едноподруго порази, сега Олимпијакос врза победничка серија и плус стигна до финалето на Купот.

Олимпијакос само еднаш го освои Куп-трофејот и тоа во далечната 1977 година. Има уште три порази во финалињата меѓу кои и споменатото во 1991 година од Омонија.

Противник на Олимпијакос во финалето ќе биде подобриот од мечот АПОЕЛ- Анортозис. Првиот меч го доби Анортозис со 1:0.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk