logo
logo
logo

Јанакиевски: Скопје и Автокоманда заслужуваат прва лига

Vecer | 06.05.2021

Јанакиевски: Скопје и Автокоманда заслужуваат прва лига

Тимот на Скопје следната сезона повторно ќе биде дел од прволигашката конкуренција. Дефинитивно најдобриот тим од втората лига Запад сезонава покажа дека капацитетот му е за ранг погоре, и тоа и се случи.

Годините наназад Скопје не ретко знаеше да направи ваков подвиг, но и неретко се враќање во второлигашката конкуренција. Сега од Автокоманда ветуваат дека ова е влез во прва лига на подолг период и дека ФК Скопје нема да игра епизодна улога следната сезона. Напротив, она што досега се случуваше таму, само ќе биде надоградено, збогатено и пред се поквалитетно.

„Никој реално не не сметаше за кандидати за пласман во прва лига на стартот на сезонава. Ама ете ние го покажавме и докажавме спротивното. Со добри игри и резултати, уште еднаш го свртевме вниманието на јавноста кон Автокоманда.  Функционираме како едно големо семејство, ФК Скопје, одсекогаш го имал тоа како карактеристика, затоа и има резултати. За тоа најголема заслуга има тренерот Љупцо Марковски-Калц и му благодарам поради тоа“ – вели еден од водечките играчи на тимот сезонава, Иво Јанакиевски.

„Голема благодарност не само до него туку и до управата која ни овозможи беспрекорни услови за работа на чело со претседателот Игор Тодоровски. Што ете сите заедно успеавме уште еднаш да оствариме наша голема цел и желба, да играме прва лига. Општина Гази Баба стои позади нас и секако Автокоманда како средина заслужува ФК Скопје да биде прволигаш. Можеби звучи само како и секоја друга изјава при влез во повисок ранг, но ние навистина сметаме дека догодина нема да се бориме за опстанок ниту планираме да биде така, напротив. ФК Скопје ќе покаже дека има капацитет за многу повеќе“ – вели Јанакиевски за Спортмедиа.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk