logo
logo
logo

Јамал: “Меси? Не ме споредувајте со него!“

Vecer | 06.11.2025

Јамал: “Меси? Не ме споредувајте со него!“

ФОТО: FC Barselona/X

Синоќа Барселона одигра само 3:3 на гости кај Бриж во меч од 4.коло во Лигата на Шампионите. Сепак Ламине Јамал уште еднаш ја потврди својата класа со прекрасниот гол. По мечот медиумите побараа изјава од него, а едно од прашањата беше и Меси.

Имено според нив неговиот гол потсетил на вештините на иконата на Барса и сегашен член на Мајами Интер, кој секако е најдобриот фудбалер на сите времиња:
„Дали мојот гол ве потсетува на Меси? Тој постигна илјада гола во кариерата, не можам да се споредам со него“, вели Јамал, враќајќи се на мечот со Клуб Бриж.

Тие се силен тим, а стадионот е тежок за играње. Тешко е да се победи натпревар кога ќе примите три гола. Мораме да го поправиме тоа и веќе размислуваме за тоа.“

За Јамал, ова беше петтиот гол во сезоната во десет одиграни натпревари, а овој 18-годишник има и пет асистенции. Барселона не се истакнува премногу на почетокот од новата сезона во Лигата на шампионите бидејќи моментално е на 11-то место со седум бода.
Во следната рунда, Каталонците ги очекува тешко гостување кога ќе играат против Челзи на Стемфорд Бриџ. Овој натпревар е закажан за 25 ноември.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk