Данска ќе има краток престој во Скопје. Актуелниот светски првак во нашиот главен град ќе пристигне утре на три и пол часа пред почетокот на дуелот со македонската репрезентација. Селекторот, Николај Јакобсен и неговите момци се големи фаворити и за двете средби, па не им треба адатапција во Скопје од еден ден, од ручек ќе влезат во авион и ќе дојдат во СЦ „Борис Трајковски“.

Пред сребата, Јакобсен смета дека Македонија има чуден тим, затоа не знаат што точно да очекуваат.

„Играме против екипа што игра традиционален ракомет. За овие натпревари вратија, имаат и двајца играчи тренери, нов селектор, така што тоа е помалку чудна екипа. Не знам што можеме да очекуваме од нив. Но, генерално гледано, тоа е млад состав ако се тргнат на страна еден-двајца играчи“, изјави селекторот на Данска, Николај Јакобсен за данските медиуми откако се собраа на подготовките.

sportmedia.mk